среда, 4 јуни 2008

Неонки



Неонките се едни од најсоцијалните риби што може да се најдат во продавниците денес. Ако се чуваат во јато од повеќе од 6 риби, овие риби се спектаклуларни за набљудување. Неонките се екстремно мирољубиви и многу мали риби, затоа не треба да се чуваат со големи риби коишто можат во нив да препознаат вкусен оброк. Водата во која што се чуваат е најдобро да биде PH неутрална. Се хранат со обична лисната храна, препорачливо но не е неопходно да се хранат повремено со жива храна. Кога се чуваат во добри околности неонките се одличен додаток во аквариумите. Неонките се едни од потешките риби за одржување, но ова зависи само од вашата практика за прописно одржување на аквариумот. Тие се многу осетливи на промени во аквариумот и мора да се чувствуваат сигурно. Ако температурата во аквари

умот го надмине 29-тиот целзиусов степен најверојатно е дека неонките ке умрат. Како што наведовме претходно PH вредноста не е клучен фактор но присуството на амонијак не е прифатливо и може да доведе до нивно истребување.

Кога ќе сакате да ги ставите рибите во нов аквариум добра практика е да се остават заедно со кесата во водата за да се изедначат температурите за што би биле доволни 30 минути, а потоа потопете ја кесата во аквариумот и дозволете им на рибите да излезат сами. Ова влијае на намалување на морталитетот на рибите. Неонките се лесен плен за поголемите риби во акварумот, поради тоа евентуално мешање со други риби би можело ако другите риби исто така живеат во јато. Во секој случај треба да направите неонките да бидат по бројни. Се чуваат во јато минимум составено од 6 единки.

Во аквариумот водата мора да се филтрира. Одржувајте ја водата со константна температура со термостат и менувајте 25% од водата неделно со вода која претходно е одстојана барем 4 часа на собна температура. Следете ја оваа формула и ќе имате здрави и среќни риби. Исто така потребно е иницијално искуство со чување на риби и да бидете способни да дијагностицирате болести кај рибите пред да се одлучите за оваа риба.

петок, 16 мај 2008

Риба-папагал

Општо:

Не е необично различни видови на циклиди да се размножуваат меѓусебе во аквариум. Кога се во период на размножување тие реагираат на циклиди од нивниот вид или од некои други видови кој се нивни блиски роднини. The Blood Parrot (Крвав Папагал) како што ги нарекуваат овие циклиди, се уникатни хибриди од различни видови циклиди. Помеѓу одгледувачите се води полемика околу етичноста да се одгледуваат и разможуваат овие риби, бидејќи неприродниот пат по кој што е создаден овој вид носи свои последици. На пример устата на овие риби е мала и чудно обликувана што и отежнува на оваа риба да се храни нормално, а и конституцијата на телото и оневозможува да плива нормално. Многу одгледувачи на риби се противат на одгледување и продавање на овие риби, некои дури одат дотаму што ги бојкотираат продавниците што ги продаваат овие риби.

Blood Parrot или Риба- папагал како што ја нарекуваат кај нас, се карактеризира со мала уста и кружно обликувано тело, а прекарот го добила по тоа што нејзината уста личи на клун од папагал. Бојата варира од светло розева до темно црвена а има и зелени и плави примероци кои што се користат само за натпревари. Рибата-папагал е мирољубива и срамежлива риба што не треба да се чува со агресивни цимери. Како и да е,ако ги чувате со риби со слична големина имајте на ум дека се територијални. Се препорачува аквариум со каменеста структура и вештачки пештери каде оваа риба би можела да се повлекува, но може да се чува и во аквариум со алги бидејќи тие не може да им наштетат.Овие риби не треба да се мешаат со Папагал циклид (Hoplarchus psittacus ) кој е всушност многу агресивна риба, и со морската Риба-папагал (Callyodon fasciatus ). Оваа риба може да се купи и низ продавниците за акваристика низ Скопје за цена која варира од 450 ден. до 600 ден.

Живеалиште:

Аквариумот во кој што ќе се одгледуваат вакви риби треба да биде просторен со голем број на места каде би можеле рибите да се кријат и да си ја обележуваат територијата. Како опција имате глинени садови, парчиња дрва, и разни украси коишто може да се најдат по продавниците. Песокот што ќе биде во аквариумот треба да е многу мазен бидејќи овие риби копаат по него и може да се повредат ако ставите остри камења. PH вредноста на водата треба да биде околу 6.8 и водата треба да биде мека. Осветлувањето на аквариумот треба да биде придушено односно не многу интензивно, а водата да се менува на 2 месеци.

Диета:

Овие риби јадат секаква храна, само треба да се внимава да се дава храна што паѓа на земја бидејќи храната што плива на површина потешко ја конзумираат. Оние што чуваат вакви риби кажуваат дека обожаваат жива храна како на пример црви. Храна со изобилие на А витамин е неопходна да се задржи бојата на кожата на овие риби.

Размножување:

Иако рибите-папагал носат јајца тие се воглавно неплодни заради познати причини, бидејќи и самата сорта е вештачка. Сепак,има познати случаи на успешно размножување. Најчесто се размножуваат со други видови циклиди. Како и други јајца, оние што ги несат овие риби ако не се плодни ке мувлосаат, а рибите ги јадат мувлосаните за да не се пренесе мувлата на здравите јајца. Штом ќе се изнесат јајцата мора водата да се менува 25% дневно со што ќе се осигура здрав развој на младенчињата. Малите се хранат со планктони се додека не пораснат а потоа може да се премине на обична храна.

недела, 23 март 2008

ГУПИ

Poecilia reticulate



-Потекнуваат од Централна Америка. Живеат во реки и потоци.
-Големина достигнуваат до 3 cm.
-Темперамент: мирољубиви, не напаѓаат други риби односно живеат во заедница со други типови на риби.
-Храна: Се хранат со секаков вид аквариумска храна.
-Аквариумот не мора да биди многу голем но мора да има пумпа за кислород , а греач не е потребен. Пожелно е во аквариумот да се има песок тревки и алги. Алгите се препорачани бидејќи им служат како засолниште ако се под стрес, исто така некој шуплив камен или украс со отвори би бил добра идеа. Потрудете се од алгите и камењата во аквариумот да направите вистински украс за вашиот дом. 
-Карактеристики: Гупите се едни од најлесните риби за чување не бараат некои посебниуслови . Препорачана температура за овој вид на риби е од 24 до 29 степени целзиусови .Мажјакот се нарекува Шлаер (десно на сликата). 
Тој е помал од гупата и се карактеризира со големи бујни перки. Го има во многу различни бои и 
шари и различни вариации на бои па затоа е тешко да се најдат два исти .Па поради шарите ги има повеке врсти на шлаери , како шлаер "турско писмо" итн. Женките се поголеми од мажјаците и не се толку колоритни .Карактеристични се по тоа што многи често и многу лесно се размножуваат . Овие риби се живоротки така што малите кога ке се родат треба веднаш да се оделат бидејки ке бидат изедени , па и од својата мајка. Единствена шанса да се одгледаат новородени гупи е или со специјални пластични садови кој ке служат како преграда меѓу малите риби и родителите, или ако вашиот аквариум изобилува со алги и разни шупливи украси кој би им послужиле на малите гупи како скривалиште од непријателите. Се хранат еднаш до два пати дневно , најчесто наутро и навечер, избегнувајте хранење на рибите барем еден час пред да ја угаснете сијалицата на аквариумот, бидејќи кога ке се угаснат светлата метаболизмот на рибите се успорува, односно спијат.  Доколку се одлучите да чувате гупи речиси стално ке имате нови мали. Женката има способност да складира сперма од мажјакот, па затоа може да се случи да се породи и во аквариум без шлаери.

autor: Ljuben Tomski

BLACK MOLLY

Poecilia latipinna




Потекнуваат од Централна Америка , живеат во малите реки , потоците и бари. Макисимална должина можат да достигнат до 10см , но само во природни услови.
Претсавуваат мирољубиви риби , но некогаш знаат да направат проблеми. Се хранат со секакви видови аквариумска храна , најчесто храната треба да содржи зеленчук , но може да се користи лисната храна.Се хранат два пати дневно во помали количини. Аквариумот не мора да биди многу голем , можат да живеат и во помали аквариуми на пример од 10л.

-Карактеристики-женката најчесто е поголема од мажјакот и има мала заоблена перка ,а додека мажјакот се карактеризира со поголеми т.е. подолги перки кои на врвовите се заоштрени. Мора во аквариумот да се има пумпа т.е. распрскувач за кислород , но затоа, не му е потребен греач, температурата треба да му е од 20 – 25 степени . Лесни се за чување ,
не се склони на болести , па затоа не бараат многу услови за нивно чување . Лесно се размножуваат бидејки се живордки , но доколку ги размножувате треба веднаш малите да ги одвоите бидејќи ке бидат лесен плен за рибите па дури и за нивната мајка.
author: Ljuben Tomski

недела, 16 март 2008

Бета борец

Латинско име: betta splendens
Потекло: Камбоџа, Тајланд
Големина: 7 cm
Животен век: 2-3 години
Минимална големина на аквариум: 20 литри
Разможување: со икра ( икраш )
PH: 6.8-7.4
Температура: 24-30 C


Опис:

Брилијантната боја на и долгите перки на оваа риба ја прават една од најдобро познатите аквариумски риби. Боите варирааат од црвена до плава и бела. Женките не се толку колоритни и имаат пократки перки. Што се однесува до размножувањето, женките кога се спремни за размножување добиваат хоризонтални црти по своето тело.

Нега и живеалиште:

Бета-борецот е едно од нај преопзнатливите, нај раскошните, и најконтроверзните риби во акваристиката како хоби. Дебатите се најчесто за одобрувањето да се чуваат во мали кугли. За комплетно да ја разбереме нивната потреба важно е да се запознаеме со нивната природна средина. Бета-борците потекнуваат од плитките води во Тајланд, Индонезија, Малезија, Виетнам и делови од Кина. Ги населуваат мочуриштата насадени со ориз, плитки езерца и мирни поточиња.
Иако повеќето акваристи се свесни дека Бета-борците доаѓаат од плитки води, клучен фактор што многу често се занемарува е температураат на водата. Овие земји што ги набројав се тропски, што значи дека водата достигнува високи температури дури и до
60 C. Бета-борците уживаат во високи температури што значи дека постануваат индиферентни ако температурата на водата е под 30 C што е најголем аргумент против чувањето на овие риби во мали кугли бидејќи тамо не може да се контролира температурата.
Иако можат да живеат во вода во која има растворено многу малку кислород, тоа не значи дека бараат помалку кислород од другите риби. Овие риби имаат специјален респираторен орган што им овозможува да дишат директно од атмосверата. Ова е покажано и експериментално. Еден примерок од оваа риба бил ставен во вода што немала пристап до атмосфера, а во водата биле растворени големи количини кислород, и покрај тоа рибата умрела од задушување. Заради ова Бета-борците мора да имаат пристап до површината за да дишат воздух од атмосверата.
Оптимално, водата во која ќе се чуваат овие риби треба да биде млака и со неутреална или славо кисела PH вредност. Движењето на водата треба да е минимално, што значи дека моќни филтри за вода не се препорачливи. Бета-борците можат да бидат чувани во заедница со други риби се додека се исполнети сите услови што ги захтева оваа риба, и ако во аквариумот нема агресивни риби. Како и да е, само еден мажјак може да се чува во аквариумот освен ако не се одделени со бариера.
Употребата на пластични кутии во рамките на аквариумот е дозволено решение за чување на повеке бета-борци во еден аквариум. Женките воглавном нема да се тепаат една со друга и може да се чуваат заедно во еден аквариум.
ВНИМАНИЕ Чувањето на бета-борец во вазна со цвеке е последна мода, меѓутоа вазна не е соодветно место за чување на ваква риба.

Диета:

Во природата бета-борците се хранат само со инсекти и ларви од инсекти. Тие имаат така градена уста усмерена нагоре што е совршена за фаќање на несреќни инсекти што паднале во негова близина. Нивниот дигестивен тракт е специјално дизајниран за да вари месо. Поради ова жива храна или месната храна е идеална исхрана за бета-борецот. Како и да е, тие се приспособливи риби и може да јадат било што.

Hypostomus plecostomus




















Овие мирољубиви и јако издржливи риби се во акваристиката доста долго време. Растат доста големи и покажуваат високо ниво на интелигенција. Чистачот сигурно ќе остане омилена риба на акваристите. Потекнува од амазонија, Перу, Парагвај и Боливија. Кај нас го викаат чистач како и сто други риби а по  познат е како Плеко заради неговото латинско име.
Плеко чистачите се најактивни во мугрите. Треба да се чуваат во голем и густо насаден аквариум со парчиња сирово дрво кое ќе го користат за чешање.Начинот на исхрана треба да содржи многу зеленчук што е неопходен за нивното здравје, а може да се користи и замена како на пример зелка или варен спанаќ. Премногу животинска храна може да создаде дигестивни проблеми. Генерално не ги напаѓаат малите риби.. Чистачите се многу издржлива риба и немаа никакви посебни захтевања за водата во аквариумот ама најубаво е да живеат во мека вода со температура до 23 оC. Чистачите живеат многу долг живот и многу се приврзуваат кон аквариумот. Одлична риба за чување за оние што имаат слаба меморија да хранат риби бидејќи знае и да се храни со алгите низ аквариумот и со мрсотијата која што ја ствара самата вода.


Кратки информации:


Наведените големини на аквариум се минимални
Големина на рибата: 50.0 cm
Големина на аквариум: 48 инчи кога се мали, 72 + за возрасен примерок
PH: 6.5 to 7.5
Температура: 23-30°C


Класификација:

Ред: Siluriformes
Фамилија: Loricariidae
Род: Pterygoplichthys

сабота, 15 март 2008

Караси

Историја на златните рипки:
Златните рипки потекнуваат од азискиот подвид carrasius auratus, поточно карас, вид што природно покажува широк спектар на морфолошки варијации кога се одгледува во различни околини. Предокот на оваа риба потекнува од Кина и ги населува тамошните реки, езера, потоци, вирови и може да живее на температура од 10 до 32 степени целзиусови. Расте до 30 cm во должина и 2,5 kg тежина за 2-3 години, а живее 10 години. Многу вкусна сорта риби!
Причини за болести на рибите:
Општо земено златната рипк
а ( carassius auratus ) е многу издржлива риба и нејзиниот имунолошки систем има голема одпорност на голем број бактерии и паразити кој ги уништува уште во најрана фаза. Ако имунолошкиот систем на рибата се наруши тогаш настануваат проблемите. Најчеста причина за нарушување на имуниот систем на рибата е лошата состојба на водата во аквариумот што подразбира недостиг на кислород и многу органски отпад во аквариумот. Исто така голем број на паразити и бактерии може да се донесат во аквариумот со донесување на заболени риби или растенија кој не биле чувани во карантин доволно време. 90 % проблемите се поради слаб квалитет на водата а 10 % поради бактерии донесени одстрана. Ако забележите дека некој од вашите караси не е како што треба, односно дека е болен, не се колебајте да ставите некој антибиотик што ви се наоѓа дома пред да купите специјални капки бид
ејќи и тоа може да помогне.


Големината на аквариумот наспроти бројот на риби:
Аквариумот што го имате дома може да смести 1 cm долга риба ( несметајќи ја опашката ) на секои 60 cm2 површина.
Филтрација:
Менувањето на вода помага многу кога се работи за одржување на вашиот аквариум чист. Меѓутоа филтерот ви ја олеснува многу работата. Препорачувам надворешен филтер бидејќи не зазема место внатре во аквариумот. Препорачливо е стаклото да се чисти со лесно испарливи киселини за да не се отрујат рибите, никако сјај. Камењата не ги чистете со средство бидејки може да не се исплакне убаво и да ги убие рибите. Ако имате голем и убаво филтриран аквариум тогаш се менува една трет
ина од водата еднаш месечно со одстојана вода. Водата што планирате да ја ставите во аквариумот оставете ја да одстои на собна температура 1-2 часа ( доволно да се изедначат температурите ), не цела ноќ. Причина за ова е фактот што ако стои долго водата го губи кислородот.


Исхрана:
Вашите златни рипки треба да ги храните со високо квалитетна храна, најдобар избор е лисната храна бидејќи овој тип на храна по долго време се задржува на површината и рибите имаат повеќе време да ја конзумираат, со ова се избегнува да се таложи храна на дното од аквариумот. Многу битно е да не ставате премногу храна во аквариумот. Три пати по помали оброци на ден е многу подобро одколку еден голем оброк. Рибите треба да се хранат во рок од 3 минути така што нема да остане храна неизедена на дното од аквариумот. Остатоците од храна скапуваат и развиваат бактерии кој што може да бидат фатални за рибите.