петок, 16 мај 2008

Риба-папагал

Општо:

Не е необично различни видови на циклиди да се размножуваат меѓусебе во аквариум. Кога се во период на размножување тие реагираат на циклиди од нивниот вид или од некои други видови кој се нивни блиски роднини. The Blood Parrot (Крвав Папагал) како што ги нарекуваат овие циклиди, се уникатни хибриди од различни видови циклиди. Помеѓу одгледувачите се води полемика околу етичноста да се одгледуваат и разможуваат овие риби, бидејќи неприродниот пат по кој што е создаден овој вид носи свои последици. На пример устата на овие риби е мала и чудно обликувана што и отежнува на оваа риба да се храни нормално, а и конституцијата на телото и оневозможува да плива нормално. Многу одгледувачи на риби се противат на одгледување и продавање на овие риби, некои дури одат дотаму што ги бојкотираат продавниците што ги продаваат овие риби.

Blood Parrot или Риба- папагал како што ја нарекуваат кај нас, се карактеризира со мала уста и кружно обликувано тело, а прекарот го добила по тоа што нејзината уста личи на клун од папагал. Бојата варира од светло розева до темно црвена а има и зелени и плави примероци кои што се користат само за натпревари. Рибата-папагал е мирољубива и срамежлива риба што не треба да се чува со агресивни цимери. Како и да е,ако ги чувате со риби со слична големина имајте на ум дека се територијални. Се препорачува аквариум со каменеста структура и вештачки пештери каде оваа риба би можела да се повлекува, но може да се чува и во аквариум со алги бидејќи тие не може да им наштетат.Овие риби не треба да се мешаат со Папагал циклид (Hoplarchus psittacus ) кој е всушност многу агресивна риба, и со морската Риба-папагал (Callyodon fasciatus ). Оваа риба може да се купи и низ продавниците за акваристика низ Скопје за цена која варира од 450 ден. до 600 ден.

Живеалиште:

Аквариумот во кој што ќе се одгледуваат вакви риби треба да биде просторен со голем број на места каде би можеле рибите да се кријат и да си ја обележуваат територијата. Како опција имате глинени садови, парчиња дрва, и разни украси коишто може да се најдат по продавниците. Песокот што ќе биде во аквариумот треба да е многу мазен бидејќи овие риби копаат по него и може да се повредат ако ставите остри камења. PH вредноста на водата треба да биде околу 6.8 и водата треба да биде мека. Осветлувањето на аквариумот треба да биде придушено односно не многу интензивно, а водата да се менува на 2 месеци.

Диета:

Овие риби јадат секаква храна, само треба да се внимава да се дава храна што паѓа на земја бидејќи храната што плива на површина потешко ја конзумираат. Оние што чуваат вакви риби кажуваат дека обожаваат жива храна како на пример црви. Храна со изобилие на А витамин е неопходна да се задржи бојата на кожата на овие риби.

Размножување:

Иако рибите-папагал носат јајца тие се воглавно неплодни заради познати причини, бидејќи и самата сорта е вештачка. Сепак,има познати случаи на успешно размножување. Најчесто се размножуваат со други видови циклиди. Како и други јајца, оние што ги несат овие риби ако не се плодни ке мувлосаат, а рибите ги јадат мувлосаните за да не се пренесе мувлата на здравите јајца. Штом ќе се изнесат јајцата мора водата да се менува 25% дневно со што ќе се осигура здрав развој на младенчињата. Малите се хранат со планктони се додека не пораснат а потоа може да се премине на обична храна.