недела, 17 јануари 2010

Коридорас (Corydoras)

Коридорас рибата потекнува од Јужна Америка и живее само во слатка вода. Припаѓа на фамилијата сомови.

Коридорасите се мали аквариски риби. Може да се најдат многу видови на коридораси, но меѓусебе воглавно се разликуваат само по бојата. Нивната големина и градба е слична за сите подвидови. Големината на овие риби е од 2,5 cm do 10 cm. Во аквариумот препорачливо е да имате ситен песок затоа што оваа врста риби сака да копа во песокот во потрага по храна. Кај голем дел од подвидовите на коридораси параметрите на водата не играат важна улога. Овие риби имаат способност да земаат атмосферски воздух од површината на водата што им помага да преживеат во води што се сиромашни со кислород. Воздухот што го земаат од површината проаѓа низ желудникот, се до цревата каде што се апсорбира од малите крвни садови.

Коридорасите сакаат да се движат споро и се скоро неподвижни во чиста вода богата со кислород. Тие живеат на дното на аквариумот и во својата природна околина јадат инсекти што живеат на дното, инсекти, ларви, разни црви како и растителна материја што се наоѓа на дното. Во аквариумот коридорасите треба да се ранат со лисната храна што тоне, како и замена за жива храна или замрзната храна. Треба да се става повеќе храна во аквариумот за другите риби да дозволат дел од неа да падне на дното каде што се коридорасите. Сакаат аквариумот да биде добро осветлен но исто така имаат и потреба од скривалиште во аквариумот каде што ќе можат да се засолнат ако почувствуваат закана. Скривалиште може да биде некој глинен сад или некое растение. Најдобра околина за коридораси се тропски слатководни аквариуми, бидејќи тие може да живеат заедно со голем дел од другите видови риби и не се агресивни. Коридорасите се срамежливи затоа е препорачливо да се чуваат во групи поголеми од шест единки. Коридорасите сакаат да бидат во група, да си играат, да се бркаат меѓусебе и да бараат храна заедно по дното. Во просек имаат многу долг живот. Најдолг животен век регистриран за коридорас во аквариум е 27 години, а не е необично да доживеат 20 години.

Размножување на коридораси – Бидејќи разможувањето накоридорасите е комплексна работа што треба убаво да се разбере ви препорачувам да прочитате повеќе информации тука.