четврток, 2 април 2009

Риба Оскар (Astronotus ocellatus)

Риба Оскар (Astronotus ocellatus) е слатководна циклида која потекнува од Јужна Америка. Оскарите се релативно големи риби и растат и до 40cm и живеат од 8 до 12 години доколку ги имаат сите потребни услови за здрав живот.

 

Избирање на големина на аквариум:

            Прописна големина на аквариум за овој тип на риба е 150 литри, а за секоја риба во аквариумот мора да има плус 100 литри, ова укажува на фактот дека Оскарите се чувствителни риби, за чие чување се потребни посебни услови и најчесто се избор на искусните акваристи.

 

Подготовка на аквариумот:

            Стаклото од аквариумот треба да се измие темелно и со чиста крпа да се остранат сите остатоци од средство за чистење. Песокот пред да се стави во аквариумот треба да се измие темелно до степен кога водата што излегува од него е чиста. Одкако ке го ставите песокот во аквариумот, почнете да налевате чиста вода и да го полните со вода.Одкако ке го наполните аквариумот до пола, ставете ги украсите или засадете ги тревите и потоа дополнете го остатокот. Евентуалните украси во аквариумот треба да се добро измиени или, ако не се од пластика, може и да се извријат. Пред да ги ставите рибите во аквариумот, оставете го аквариумот празен 24 саати за да температурата на водата се изедначи со собната температура и да се наталожи вишокот од седимент којшто плови низ водата.

 

Носење на рибата дома:

            Транспортот на Оскарот од продавница до дома е најкритичниот период особено ако температурите надвор се екстремни. Затоа практикувајте да спремите некаков вид на контејнер со термичка изолација во којшто ке ја ставите рибата. Кога рибата успешно ке ја донесете дома ставете ја во аквариумот заедно со кесата, да постои 15-тина минути и дури потоа може да се ослободи во својот нов дом.

 

Одржување на аквариумот:

            Температурата на аквариумот треба да се движи од 23 до 27. Треба да се внимава на температурата бидејќи е многу важен фактор за здравјето на рибите. Идеална pH е 7.2 но оскарите лесно се адаптираат се додека условите се стабилни и не се менуваат за кратко време. Ако pH вредноста е драстично различна тогаш треба да се користат некој препарати пред да се смени водата. PH вредноста се мери со лакмусова хартија. Се препорачуваат големи филтри, внатрешни, надворешни и подни, или некоја комбинација бидејќи Оскар рибите се со висока екскреција односно многу брзо ја валкаат водата.

 

Менување на водата:

            Менување на 10 – 20 проценти од водата е многу едноставен и ефикасен начин да се одржи квалитетот на водата на задоволително ниво. Ова се прави еднаш неделно со помош на принцип на сврзани садови, се вади дел од водата од аквариумот и потоа се додава исто толкава количина назад во аквариумот, оваа вода може да биде директно од чешма бидејќи во таа количина неможе да ја смени температурата на водата.

 

Исхрана:

        Оскарите се воглавно месојадни риби, преферираат жива храна, но живата храна од обичните продавници за животни најчесто содржи штетни паразити, па поради тоа подобро е да се хранат рибите со процесирана смрзната храна. Има специјални храни за овие риби што обезбедуваат добра диета, но треба да се додаваат повремено и смрзнати црви или други организми, воглавно треба храната да е од животинско потекло. Важно е да не се става премногу храна во аквариумот бидејќи може да се развијат бактерии кој ги убиваат рибите. Препорачано е да се става храна на рибите колку што можат да изедат во временски интервал од 2 минути, а евентуалниот остаток од храна заедно со некој други остатоци да се соберат со мрежичка од аквариумот.