вторник, 9 јуни 2009

Дискус (Symphysodon)

Дискусите се вид на големи циклиди кој потекнуваат од реката Амазон. Се повеќе луѓе го избираат овој вид на риби за нивни домашни миленици што значи дека популарноста на Дискусите расте. Со зголемувањето на нивната популарност, повеќе пари се влеваат во индустријата која помага за почнување на нови истражувања и развој на продукти и различни подвидови на Дискуси Аквариумски Риби.

Дискусот е социјална риба што живее во големи групи во нивните природни средини, и има многу напредно социјално однесување, тие се едни од ретките социјални циклиди. Ако се одлучите за овој вид на риби, имајте на ум дека Дискусите се социјални риби и купете повеќе единки. На овие риби им е потребна социјална интеракција за да се развијат нивните природни карактеристики.

Станува се потешко да се најде оригинална варијација на боја во продавниците за миленици. Повеќето дискуси што се среќаваат во продавниците се со варијанти на бои добиени со во вештачки услови во одгледувачниците. Денес листата на варијации на бои на дискусите е безконечна. Некои од дискусите ги имаат изгубено шарените риги по нивното тело па затоа ја имаат и изгубено нивната природна способност да комуницираат во заедница. Но овие нови варијации се омилени кај акваристите па брзо си наоѓаат сопственик и по исклучително голема цена, што ги стимулира одгледувачите да се обидуваат да создадат нови варијации на Дискуси. Една од предностите на вештачки одгледуваните примероци е тоа што се по толерантни кон состојбата на водата.

Станува се полесно да се одгледуваат овие риби со нови технологии за подобрување на квалитетот на водата и здравјето на Дискусите што е и една од причините за порастот на побарувачката.

Дискусите се прекрасни риби но се голем предизвик за одгледувачите да ги чуваат и разможуваат.. Повеќето од луѓето што ги чуваат овие риби со тек на време ќе сакаат и да пробаат да ги размножуваат бидејќи тоа претставува прекрасно искуство.

Основни услови:

Првото прашање е која големина на аквариум е потребна? Ова зависи и од буџетот и од просторот каде што ќе се наоѓа. Препорачана големина на аквариум е 120cmX40cmX50cm. Дискусите подобро опстојуваат во длабоки аквариуми а и со големината на аквариумот се зголемува стабилноста на температурата на водата што позитивно влијае на расположението на рибите. Бидејќи Дискусите се срамежливи риби местото на аквариумот изберете го така да не е на прометен дел од просторијата, исто така да не е на директна сончева светлина и да не е до некое грејно тело.

Субстратот зависи од тоа дали ги чувате рибите за украс или ги разможувате. Ако се користи аквариумот за одгледување на мали риби тогаш се препорачува да не се става субстрат на дното. За украсните аквариуми се препорачува ситен песок. Може да се користат разни украси и растенија, живи или пластични.

Филтрацијата е многу важна за овие риби бидејќи квалитетот на водата треба да е на високо ниво. Има три вида на филтрација:

  1. Meханичка
  2. Биолошка
  3. Хемиска

Механичката филтрација ја прочистува водата од крупниот отпад во водата и се прави со обичен сунѓер. Биолошка филтрација се прави со стимулирање на раст на колонии од бактерии во филтерот кои амонјакот од водата го претвораат во нитрити па потоа и во нитрати и со тоа го претвараат токсичниот амонјак во нетоксични нитрати кој потоа служат и како храна за живите билки во аквариумот. Парчиња керамика се става во филтерот бидејќи порите во керамиката се погодни за бактериите. Важно е овој филтер да не се мие со вода од чешма туку само со вода од аквариумот бидејќи хлорот од водоводот ги уништува бактериите. Хемиската филтрација се прави со додавање на хумус во медиумот за прочистување со што се прочистуваат некој од крупните отпадоци во водата и се одржува pH вредноста на водата во граници на нормала. Понекогаш треба да се додаде и активен јаглен во филтрите за да се исчисти водата од миризбите боите и медикаментите кој биле ставани внатре.

Температурата на аквариумите треба да биде висока, од 27'C до 29'C степени, бидејќи Дискусите се тропски риби. Се препорачува скап греач, за да се намали ризикот од негова неправилна работа и хаварија во аквариумот. За мониторирање на температурата користете дигитални термометри бидејќи се по прецизни. А при менување на дел од водата потрудете се да температурата на новата вода биде блиска со температурата во аквариумот, барем 2'C разлика. Температурната разлика може да предизвика стрес кај рибите и да биде причина за развивање на болести кај Дискусите. Промената на водата треба да се прави почесто, препорачано е еднаш до двапати неделно меѓутоа ова исто така зависи и од бројот на риби кој се наоѓаат во аквариумот, со други зборови пренаселен аквариум има потреба од почесто менување на вода.

При купување на риба потрудете се да ги одберете похрабрите примероци, односно тие што доаѓаат кон вас на предното стакло од аквариумот. Примероците што се кријат во позадина треба да се избегнуваат. Исто така избегнувајте ги тие што дишат тешко или само низ една шкрга, овие индикатори може да значат дека рибата не е во најдобра здравствена состојба.

Дискусите немаат посебни побарувања во однос на храната затоа обична храна во форма на лист би била доволна за комплетна диета.